Далјиндер Каур од Индија станала мајка и тоа на 70 години. Синот го добила со вонтелесно оплодување и рекла дека мајчинството и го направило животот комплетен.
Таа и нејзиниот девет години постар сопруг ја оствариле својата голема желба. Далјиндер две години се обидувала да се оствари во улогата мајка со вонтелесно оплодување.
Момчето на раѓање имало два килограми.
– Можам да се грижам за бебето, имам толку енергија. Мојот сопруг исто така е многу внимателен и ми помага колку што може, рекла мајката.
Двајцата речиси ја изгубиле надежта дека некогаш ќе добијат дете. Во брак се 46 години и порачале дека Бог конечно ги слушнал нивните молитви.
На вонтелесно оплодување се одлучиле откако на ТВ виделе реклама за тоа.