Изгледа како очајна домаќинка: ѕвездата од хит серијата на црвениот тепих се појави во комбинација на која цел свет и се смее

popara7 ноември, 20181min00
12

Актерката како за свечен настан е исклучително несоодветно облечена.

Актерката Тери Хечер, позната по својата улога како Сузан во серијата “Очајни домаќинки”, имаше такво модно фијаско за кое што ќе се раскажува долго време.

Всучност, Тери беше гостинка на галата  NYRR Night of Champions. За оваа пригода носеше фустан со многу длабоко деколте , а на нозете облече, ни повеќе ни помалку – патики. Хечер за свечената пригода, успеа да искомбинира црвен фустан и шарени патики.

Јавноста ширум светот се прашува што се случи со Тери Хечер, бидејќи таа навистина се појави како “очајна домаќинка” на гала вечерта на која се бара елеганција.