Познатиот фудбалер ја покажа својата понежна страна…
Кристијано Роналдо, заедно со неговата девојка Георгина Родригез и неговиот син, го следеа натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер во Лондон.
Додека тој внимателно го следеше натпреварот во кој Ѓоковиќ ја освои победата, Кристијано цело време го галеше по косата својот син и му ги објаснуваше правилата на играта.
Славниот фудбалер, покрај шестгодишниот син, ги има близнаците Ева и Матеја и Алана Мартинез која ја доби во врската со Георгина.
Кристијано на 26-годишна возраст, одлучи да стане татко и со сурогат мајка го доби своето прво дете. Потоа, странските таблоиди напишаа дека близнаците, момчето и девојчето се зачнати во лабораторија во Лос Анџелес, чии документи се делумно достапни за јавноста.