Вака изгледа површината од вселенскиот камен!
Научниците не ја кријеа возбудата кога пристигнаа и првите фотографии од астероидот Рјугу.
Два помали ровер – роботи успешно слетаа на астероидот откако ги лансираше јапонската вселенска агенција JAXA. Научниците не ја кријеа возбудата кога пристигнаа и првите фотографии од астероидот Рјугу.
Наречени MINERVA-III, роверите се први роботички истражувачи кои слетале на некој астероид. JAXA објави дека леталото Хјајабус-2 ги депортираше во вселената, каде што по кратка тишина во комуникацијата со роверите таа е повторно успешно воспоставена.
– Не можам да опишам колку сум среќен што успеавме да ги поставиме мобилните истражувачи на астероидот – рече менаџерот на мисијата Јуичи Тсуда.
– Горд сум дека Хајабус 2 успеа да придонесе за развојот на технологијата на новиот метод на истражување на вселената со помош на мали мобилни роботи на површината на астероидот – додаде Тсуда.
Роверите ќе ја искористат ниската гравитација на астероидот за да лесно се движат по него, и ќе испраќаат податоци и фотографии назад на Земјата.
– Длабоко сум допрен што овие мали ровери успешно слетаа на површината на астероидот, бидејќи ние не успеавме во првата Хајабус мисија пред 13 години. Посебно сум импресиониран со фотографиите од површината – изјави д-р Макото Јокишава, менаџер на проектот.
Роверите се само првиот дел од Хајабус мисијата.
Следниот месец леталото ќе треба да го гаѓа астероидот со експлозивен уред, за да создаде дупка во него, и парчињата да бидат собрани за враќање назад на Земјата.
Потоа на астероидот ќе слета и возилото MASCO, од германско-француско производство, кое ќе го истражува астероидот.