Многу лесно може да се случи да ја заборавите лозинката или PIN-от, особено ако користите повеќе Android уреди.
Некогаш запишувавме лозинки или PIN-кодови, денес можеме да го отклучиме телефонот со своето лице, втиснување на прст или со зеницата на окото.
Сепак, многу лесно може да се случи да ја заборавите лозинката или PIN-от, особено ако користите повеќе Android уреди, или поради тоа што телефонот не може да ги исчита вашите биометриски податоци.
За да не морате да го ресетирате и да ги изгубите вредните податоци или уште полошо, засекогаш да ги изгубите, ви откриваме доволно едноставно решение за да го отклучите.
Сè што ви треба е да инсталирате Android Device Manager, ако веќе го имате, треба да го активирате. На компјутерот одете на https: / / www.google.com/android/devicemanager, внесете ја вашата Gmail адреса и нејзината лозинка. Кликнете на Sign in. Изберете ја опцијата Lock, внесете нова шифра и повторно кликнете на Lock.