Поради брзиот раст на градот, кенгурите се повеќе го напуштаат природното живеалиште и завршуваат во населбите.Така, еден австралиски кенгур ги изненади сите кога го скрши стаклото и влезе во куќа во Мелбурн.
Сопственикот го најде утрото веднаш штом се разбудил во својот дом, и како што вели, тој претходно не го забележал кенгурот.Веднаш ја повикал организацијата Wildlife Victoria за заштита на животните, кои излегле на терен и го испитувале животното. Тие посочија дека кенгурот бил исцрпен и под стрес, поради што добил третман во форма на седативи, пишува “Б92”.Тогаш тој беше целосно згрижен и му ги санираа сите повреди со кои што се здобил.