Како секоја друга година и оваа на 12 и 13 јануари (петок и сабота)2018 г., во 20 часот, ќе се одржи концерт по повод празникот „Василица”.
Оваа година концертот носи наслов „Simply The Best”, а истиот е компилација на поп-рок хитови од 80-тите и 90-тите години. Во листата на познати песни тука се: „With or without you“; „Freedom“; „I drove all night“;„Listen to your heart“; „Simply the best“; „Every breath you take“; „I want to break free“; „Black velvet“ и многу други изведени од наши познати естрадни ѕвезди како што се: Александар Тарабунов; Елена Петреска; Ана Мицковска; Александра Јанева; Горан Наумовски; Ѓоко Танески; Арбен БЕНИ Шаќири; Дани Димитровска; Наташа Малинкова; Лена Заткоска, Даниел Дан, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.
Пеачите ќе имаат и придружба од хорот и големиот оркестар на МОБ, диригирани од страна на Бисера Чалдовска.
Овој настан започна во 1993 година и стана традиционална прослава на Стара Нова Година. Бидете и вие дел од него и уживајте.