Големото откритие на научниците се базира на анализата на кремирани остатоци од 25 лица пронајдени на местото.
Станува збор за остатоци од неолитските времиња и би можело да биде крајно решение за најголемата англиска мистерија – кој го изградил Стоунхенџ, објави Русија денес
Анализата на кремираните останки потврди дека дури половина од овие луѓе не живеат во близина на светски познатиот споменик.Вкупно десет од нив потекнуваат западно од Велика Британија, од кои пет се од југозападниот дел на Велс, од каде потекнува каменот што е вграден во споменикот.Останатите 15 луѓе се веројатно локални жители од Вилтшир и Стоунхенџ, но исто така и деца или други роднини на западни Британци.
Стоунхенџ се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО и е еден од најимпресивните праисториски мегалитски споменици во светот, како поради големината, така и поради архитектонската софистицираност.
Изграден е во фази од 3000 до 2300 п.н.е.Иако секогаш ќе има дебата за неговото значење, главната теорија за сега е таа дека тоа е церемонијална гробница или центар за лечење.