Кралицата Елизабета со хеликоптер дојде да го види своето внуче, а донесе и букет полско цвеќе

3 мај, 20180
7

Сосема во стилот на Џејмс Бонд, кралицата Елизабета со хеликоптер долета од Виндсор во палатата Кенсингтон да го посети своето шесто правнуче, принцот Луис.

 

Среќна и во релаксирано издание, 92 годишната кралица со свежо набрано цвеќе – подарок за Војвотката Кејт, во придружба на нејзините телохранители со автомобил се упати кон палатата Кенсингтон.

Кралицата, облечена во карирано здолниште, розов џемпер, темно сино елече и марама на главата, видно расположена ги поздрави присутните кои ја чекаа да пристигне.

Воедно, посетата на кралицата се поклопува со денешниот роденден на малата принцеза Шарлот, второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Во палатата Кенсингтон таа пристигна сама, без нејзиниот сопруг Филип кој закрепнува од операција на колкот и не се знае во каква состојба е.

Како што пишуваа медиумите, кралицата Елизабета прва била известена за раѓањето на принцот Луис и меѓу првите го посетила малиот принц, бидејќи сè уште нема информации дека принцот Чарлс го посетил неговиот внук.Инаку, малиот принц Луис се роди на 23 април во приватниот дел на болницата Сент Мери во Лондон каде војвотката Кејт на свет ги донесе и принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi