Во телевизиската најава на ABC нагласено е дека во разговорот немало забранети прашања.
Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, е веќе долго време под будното око на јавноста, но она што посебно ги интригира не само Американците, туку и остатокот од светот е нејзиниот приватен живот, односно бракот со Доналд Трамп.
На ова и на многу други прашања, првата дама ќе се обиде да одговори овој петок во ексклузивното интервју на ABC телевизија, каде што на водителот Том Ламас ќе му објасни многу работи за кои досега само се шпекулираше .