Еден патник се понадевал дека смислил фантастичен начин да прошверцува нешто во багажот, меѓутоа, не успеа да го измами обезбедувањето на аеродромот во Мајами.
Тој сакаше да се качи на авион кој требаше да лета на релација Мајами-Барбадос, но службениците при скенирањето забележаа необична маса и го повикаа тимот за експлозивни направи. Меѓутоа, пронајдоа змија завиткана во чорап во компјутер, и тоа, верувале или не, во делот каде што стои хард дискот.
“Ако мислите дека само на вас ви е тесно во авионот, само замислете си како му било на овој мал влекач”, напишаа на социјалните мрежи.
Иако на питонот не би влијаел самиот лет, змиите во Барбадос се прилично ретки. Со нејзината “преселба” од Мајами, таа би предизвикала сериозна штета на локалниот екосистем. Обезбедувањето веднаш ја повика службата за заштита на животните, така што питонот, но и патникот го пропуштија летот до Барбадос.