Мислела дека е дебела, а од лекарите дозна дека има монструм во стомакот: На жена (38) изваден тумор од 60 килограми

popara9 мај, 20181min00
6

Сензационалната вест пристигна од американската држава Конектикат каде лекарите отстраниле тумор тежок 60 килограми.

Лекарите од болницата Данбури успешно го отстранија џиновскиот тумор на јајник ка една 38-годишна жена. Ова, како што соопштија гинеколозите, е најголемиот тумор на јајници до сега.

Гинекологот го открил бенигниот тумор кога жената се обратила кај лекарите поради дебелината.

Имено, туморот го притискал нејзиниот дигестивен тракт, и поради големата маса и го отежнувал движењето поради што била принудена да користи инвалидска количка. Туморот исто така ги притискал крвните садови и ја загрозувал работата на срцето.

Тимот од 25 лекари ја подготвил сложената операција која траела цели 5 часа. Туморот е успешно отстранет, а жената по 2 недели е пуштена дома и според изјавите на лекарите целосно се опоравила.

Сега туморот е предмет на бројни студии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag