15-годишниот уметник од Белград, Душан Кртолица, почнал да црта на само две годишна возраст, а денес создава вистинска уметност инспирирана од животинскиот свет.
Тој до сега одржал шест самостојни изложби и ја напишал и илустрирал книгата „Енциклопедија на праисториските животни”.
Душан е фасциниран од растителниот и животинскиот свет, а најмногу од животните кои повеќе не постојат.Неговата енциклопедија беше објавена и презентирана минатата година на Саемот на книгата. Погледнете го видеото за повеќе за неговата книга. https://youtu.be/vbYz31Tqjkg