НАУКАТА вели дека, ако во теретана трошите повеќе од 13 минути – времето го трошите залудно

20 септември, 20180
ф

Ако сте ограничени со времето и не сте голем обожавател на вежбање, веројатно сакате што побрзо да ја напуштите теретаната.

Научниците спроведоа истражување за откривање колку време и труд треба да се вложат за да се исплати тренингот, а резултатите се објавени во медицината и науката во спортот и вежбањето.

Собраа 34 фит лица и им беа назначени три фитнес рутини. Сите групи ги изведоа истите седум вежби, кои се доволно силни и исцрпувачки за мускулите, од осум до 12 повторувања, три пати неделно во период од осум недели. Првата група работела само еден сет на тренинзи, другата три, третата пет.

Должината на тренингот варираше во секоја група. Учесниците во првата група во теретаната беа 13 минути, тие од втората 40 минути, а на третата и беа потребни дури 70 минути.

По осумте недели покажаа многу мала разлика во силата. Скоро подеднакви резултат остварија лицата од првата група, како и оние од третата. Единствена разлика е забележана во масата на мускулите, која била поголема кај учесниците од третата група.

“Важно е да се исцрпат мускулите, така што по сетот вежби би требало да се чувствувате како да немате сила за понатаму, освен ако не се одморите,” вели авторот на истражувањето, Бред Шоенфелд, додавајќи дека повеќето луѓе едноставно не користат доволно тешки отпори па треба да поминуваат повеќе време во теретаната отколку што треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi