Се решиле од законот стар 158 години!
Критичарите на овој закон кажуваат дека тој е произволен и дека прави дискриминација помеѓу мажите и жените.
Врховниот суд во Индија донесе одлука дека неверството повеќе не е кривично дело.
Судот го укина законот стар 158 години, според кој секој маж, кој имал сексуални односи со мажена жена без дозвола од нејзиниот маж, го сторил кривичното дело неверство.
Не е познато колку мажи се процесуирани според овој закон, бидејќи податоците за тоа не се достапни, објави Би-Би-Си.Критичарите на овој закон кажуваат дека тој е произволен и дека прави дискриминација помеѓу мажите и жените.
– Неверството може да биде основа за граѓанска судска постапка, вклучувајќи развод на бракот, но не може да биде кривично дело – кажа судијата Дипак Мизра.
Тој рече дека овој закон бил особено дискриминантен кон жените, третирајќи ги без нималку почит.