НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Оваа бабичка има 100 години, а наскоро се мажи за 26 години помлад маж!

popara27 септември, 20181min00
вв

Нора, која би требало во декември да наполни 101 година, вели дека сака да се омажи “пред да биде доцна”. Нора Виткис (100) од Велс наскоро треба да се омажи за својот вереник Малком Јејтс, кој е 26 години помлад.

Јејтс (74) и Нора се запознаа на танцување. Во врска се веќе повеќе од 30 години, а треба да се венчаат во октомври, пишува Mirror.

Нора, која би требало во декември да наполни 101 година, вели дека сака да се омажи “пред да биде доцна”. Нора била порано во брак два пати.

– Се веселиме на венчавката. Се плашам дека ќе остарам уште повеќе и ќе ја пропуштам чансата – вели Нора, која претходно работела како кувар во училиштето.

Фустанот веќе го подготвила, а прстените се нарачани. По венчавката со семејството и пријателите ќе оди во ресторан.

– Секогаш сме заедно и секој пат одиме секаде заедно. Многу патувавме, и честопати и танцувавме. Најмногу го сакаме танцот ча-ча-ча – вели Јејтс, кој работел како возач на автобус.

Нора се родила 1917 година и за првиот сопруг Фред Томас се омажила на 18 години. После смртта, во 1970 година, таа се омажи за Берт Виткис, со која беше во брак 16 години. Има едно дете. Кажува дека тајната на долговечниот живот е во движењето.

– Треба да бидете активни. Мојот живот беше навистина добар, јас уживав. Сакам да запознавам нови луѓе и да разговарам со нив. Сакам да работам и да излегувам. Сега повеќе, за жал, не танцувам бидејќи не можам да се свртам и се плашам да не паднам – вели Нора и додава дека многумина не и веруваат кога им вели дека има 100 години.

– Освен тоа јас и не се чувствувам така и тоа е најважно – вели Нора.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag