НАСА го објави најновиот оглас за работа, во кој се бара лице кое треба да помине во кревет 70 дена …
Светската агенција е подготвена да плати 12.000 фунти за оваа услуга (околу 13.300 евра).
Поентата е во испитувањето на положбата на астронаутите во бестежинскиот простор.
Тие ќе го следат својот вработен додека спие. Но, освен да спие, од вработениот се бара во текот на оваа работа да се бања и да јаде на истото место и во истата положба.
Научниците ќе собираат податоци за неговиот крвен притисок, работата на срцето, апсорпцијата на витамини, потрошувачката на енергија , масата на коските, дури и расположението.
Сето тоа ќе им помогне да сфатат како функционира животот во вселената кога гравитацијата ја презема работата во свои раце, особено ако се планира луѓето да патуваат на Марс.
Испитаникот ќе може да се бори со досадата со тоа што ќе му овозможат да оствари некоја од своите цели – да посетува интернет курс или да научи нов јазик.
Пријателите и семејството ќе можат да го посетуваат.