Обвинет е за сексуално злоставување, призна дека е геј, па исчезна: На оскаровецот Кевин Спејси му се изгуби секаков траг од минатиот окомври!

21 ноември, 20180
kevi 11

Познатиот актер Кевин Спејси последен пат се огласи во 2017. година, а оттогаш никој не знае каде се наоѓа.

Помина повеќе од една година откако Кевин Спејси беше обвинет за силување. Тој во октомври минатата година го објави своето објаснување на социјалната мрежа „Твитер“, и од тој ден му се губи секој траг.

„Го почитувам и му се восхитувам на Ентони Рејп како актер. Неговото признание е ужасно за мене. Искрено, не се сеќавам на тој настан, тоа е нешто од пред 30 години. Но, ако сум се однесувал како што тој кажа, му должам искрено извинување за нешто што би можело да биде недолично однесување во пијана состојба и ми е жал што толку многу години сите тие чувства ги носел во себе“, напиша тогаш Кевин и призна дека одлучил да го продолжи својот живот како геј маж.

Ова е последната објава на актерот која ја упати, но потоа целосно исчезна. Никој повеќе не  слушналза него, ниту го видел. Пријателите и колегите, исто така, не знаат каде е во моментов.

Полицијата истражува шест изјави за сексуалниот напад на Кевин Спејси.

„Неверојатно е некој со таков статус вака да исчезне, во светот на паметните телефони и социјалните мрежи“, изјавија неговите пријатели за странските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *