Оскаровката е вистинска секс – бомба: Џулија Робертс во издание во какво никогаш до сега не сме ја виделе
Една од најплатените и најпочитуваните актерки во светот, Џулија Робертс е позната по тоа што не е подложна на естетски зафати и секогаш изгледа елегантно, но со стил.
Меѓутоа, кога таа беше гостинка во емисијата на Елен Деџенерис, познатата водителка одлучи малку да се пошегува на сметка на оскаровката.
Затоа што на Instagram профилот на Џулија, на кој објавува многу „обични“ фотографии, ја следат 3,6 милиони луѓе, Елен одлучи да и помогне на актерката тој број да биде неколку пати поголем.
Таа организираше целосна тнсраформација каде што Џулија „стави“ огромни вештачки гради и ја натера врз нив да облече минијатурно бикини. Потоа, актерката позираше пред камерите пред тапет со мотив на егзотична плажа.
Јулија одлично се забавуваше се додека во студиото не влезе легендарната, но многу традиционална, Марта Стјуарт, која отворено призна дека и е многу непријатно покрај оскаровката во такво издание.
Но, тоа не е сè. Елен покани уште еден гостин – актерот Дермо Малрони, со кој Робертс глумеше во филмот „My best friend’s wedding“.
Не се знае кому му беше понепријатно, но сигурни сме дека Џулија Робертс никогаш нема да зажали што е потполно природна во секоја ситуација и дека никогаш нема да се одлучи да ги зголеми градите.