Ова ќе ви го разубави денот! Љубовта помеѓу родителите и децата е веројатно една од најбогатите и најсилните двигатели на нашиот свет. Токму тоа го докажува едно прекрасно видео кое се појави на Твитер.
Мет Кобринк (53), кој боледува од Даунов синдром, отпатува од Лос Анџелес за Њујорк за да се запознае со својот најомилен бејзбол играч од “Њујорк Јенки”.
Меѓутоа, за да се случи тоа, Мет цела недела беше разделен од својот татко Малком (88), со кој не се раздели ниту еден ден во 25 години, откако неговата мајка починала.
Сестрата на Мет, Марси, го сними со камерата емотивниот момент кога повторно се сретнаа синот и таткото на аеродромот:
An 88-year-old dad is reunited with his 53-year-old down syndrome son after spending a week apart for the first time ever. pic.twitter.com/5hvl0FkGKS
— The Dad (@thedad) September 1, 2018
Мет се втрча кон татко му, и следеа топли прегрнувања и многу емоции. Видеото стана вирално на социјалните мрежи и разнежни многумина.