Фотографијата кажува повеќе од илјада зборови.
На социјалните мрежи се појави фотографија која што освести многумина – бидејќи кажува нешто многу интересно за луѓето. Прикажани се неколку штандови за донирање на парична помош за различни цели, а она што сите ги шокираше е дека најмногу пари има на потполно неочекуваното место.
Минувачите може да ги стават своите пари во “кутија” за Unicef, Црвениот крст на Белгија, Светскиот фонд за загрозени видови на животни и SOS селата.
Од овие четири проблеми до луѓето најмногу допре фактот дека одредени видови на животни се загрозени.
Иако не е спорно дека и ним им е потребна помош, сепак можеби треба да им се даде предност на гладните деца и сирачиња пред пандите, нели? Но, бидејќи ова се доброволни донации, останува на совеста на луѓето да изберат кому сакаат да му помогнат со своите пари. Во секој случај, важно е да продолжиме да донираме и сме спремни да помогнеме – дури и ако тоа е за животните.