Кога Донохју им кажал дека го бркаат само поради тоа дека е хомосексуалец, тие одговориле дека “тоа нема никаква врска со неговите сексуални преференци”.
Крис Донохју доживеа непријатност на базенот во Лас Вегас.
Тој тврди дека бил исфрлен надвор од базенот, бидејќи неговиот костим за капење бил “премногу геј”.
Крис се забавуваше во саботата во клубот Encore Beach Club кога му пријдоа чуварите.
Во тој момент тој носел жолти гаќи со натпис на г-дин Туск, чија цена изнесуваше 98 долари, а чуварите му рекоа или да се облече или да си замине.
– Ме натераа да го напуштам базенот, бидејќи бев облечен во гаќи кои не беа во согласност со брендот што ја организираше забавата на базенот. Со други зборови, исфрлен надвор, бидејќи јас сум геј маж, кој беше облечен во костим за капење, кој беше малку премногу геј за Encore Beach Club во Лас Вегас – тој напиша на Фејсбук, а потоа го избриша објавување. Предоцна е, бидејќи веќе е пријавено од Хафингтон пост.
https://youtu.be/n28hrcMfR4c
На веб-сајтот на клубот стои:
– Облечете се за да импресионирате, без широка облека или кратки панталони. Потребна е облека за базен за да влезете.
Под облеката за базен подразбираат костимите за капење и гаќи, кои Донохју и ги носеше.