Паметен куфер способен да ве следи каде и да одите

28 мај, 20180
7

Ако некогаш ви се случило да го изгубите куферот или да сте имале потешкотии со неговото пронаоѓање на некој аеродром, тоа нема да се повтори со Airwheel SR3 роботскиот куфер.

Ова е паметен куфер способен да ве следи каде и да одите, притоа избегнувајќи ги препреките користејќи ја технологијата вградена во роботските правосмукалки. Напојуван е со батерија која може и да се менува, а во него има вграден и аларм, како и способност да се контролира далечински.

Интегрираното визуелно следење и сензорската технологија на Airwheel SR3 му овозможуваат прецизно да си го идентификува сопственикот користејќи визуелно препознавање во реално време како и алгоритми за автоматско следење, така што при симнувањето од авионот може да се сконцентрирате на други задачи.

Сето ова може да се активира со едноставно влечење на рачката и вклучување на куферот.

Сензорите вклучуваат камера, радар и ултразвучен приемник, покрај технологијата за симултана локализација и мапирање (SLAM) која му овозможува инстантно да го идентификува и следи корисникот, притоа конектирајќи се за неговиот смартфон преку Bluetooth конекција.

Сè уште нема информации околу тоа колку би чинел кога наскоро ќе се појави на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi