Поранешната сопруга на актерот Бен Афлек (46), Џенифер Гарнер (46), ја раскина врската со бизнисменот Џон Милер.
Кратко откако странските медиуми открија за врската помеѓу убавата актерка и мајка на три деца со бизнисменот Џон Милер (40), генерален менаџер на „CaliGroup“, пристигна веста за нивната разделба.
Пред веста дека парот ја раскина кратката романса, се пишуваше дека Џенифер Гарнер повторно е бремена, како и дека Бен Афлек и честитал. Можеби тие се разделија поради озборувањата, а можеби и не …