Група љубопитни нуркачи од Данска останаа изненадени кога најдоа сеф на дното на езерото, а потоа се воодушевија кога открија што има внатре.
Океаните и езерата кријат многу тајни, а многу YouTube-ери сè почесто ги истражуваат, при што често наоѓаат невообичаени откритија. На крајот на ноември на данскиот YouTube канал Ideate, се појави видео што многумина ги заинтригира.
Всушност, еден од нуркачите од езерото извади сеф и видливо возбуден веднаш го отвори. Во внатрешноста имаше пластична кеса со пари, џебен часовник, прстени и нараквици.
Инаку ловот на богатство стана многу популарен кај YouTube-ерите, а покрај бројните нуркачи кои бараат предмети во езерата и реките, големо внимание привлекуваат емисиите, во кои луѓето даваат понуди за напуштените магацини со надеж дека внатре ќе пронајдат нешто вредно, што не е чест случај.