Како да се измами дете во берберница? Лесно – отсечи му го увото 🙂
Момчето Вито Ди Палма добро ќе запомни кога било на фризер кај Џуд Саникада, кој е сопственик на берберница во Флорида.
Во согласност со мајката на момчето, фризерот смислил како да го измами момчето, кое било преплашено.
Додека го стрижел, фризерот застанал и испуштил “О, ср***”.
Момчето го интересирало што се случило, а кога фризерот му кажал дека “му го закачил увото со машината”, детето почнало да ја повикува мајката.
“Шшшш, не и кажувај. Се ќе биде во ред, сега малку ќе го притиснам увото, не изгледа толку лошо”, му рече фризерот на момчето, кој рече дека има “малку болка”.
Како што го притискаше увото, крвта почна да тече низ образите на момчето, а потоа и нов страшен момент за детето – на подот падна гумено уво.
“Дали ова е уво? Моето уво?”, прашало успаниченото момче, и кога добил дефинитивен одговор, почнал да ја повикува мајката.
“Дојди овдееее!”, викало детето.
“Па, што ти е ќе најдеме друго “, му рече фризерот, а потоа низ насмевка му ја откри шегата:
“Еј, се сеќаваш на онаа лебарка која ми ја остави на шалтерот? Па, ова е одмазда”.
Детето со задоволство рече: “Јас не плачев!”