Зимата е пред вратата, а тоа е време кога сме подготвени да ја жртвуваме и фризурата поради топлината, така што не го пропуштаме изборот на капи.
Покрај вообичаените капи, исто така има и многу интересен избор на различни модели на шешири, од многу женствениот модел на Philip Treacy , до убиствено елегантните, како што е моделот Saint Laurent , кој го избравме за нашата галерија, а слично е и со шубарите. Тука се помалку женствените модели, како што се пилот капите, една од нив се наоѓа во нашата галерија и потпишана од Maison Michel.
Ако претпочитате casual опција, тука е шеширот на Prada или шапката Balenciaga, а за поголем избор, погледнете ја нашата галерија.