Пејачката Mel B, која неодамна најави серија концерти на “Spice Girls” низ Велика Британија, објави слика од Ургентниот центар. На сликата се гледа пејачката со гипс на раката, а во описот на фотографијата пишува дека ги скршила и ребрата.
Mel B не открива како ги добила повредите, туку само им се заблагодари на докторите и на медицинските сестри кои се грижеа за неа. „Болката е страшна, но им благодарам на докторите кои ми ја оперираа раката три часа“, напиша пејачката.