Што зборува должината на косата за вашиот карактер?

26 ноември, 20180
0

Според некои истражувања, должината на косата не само што го дефинира вашиот омилен стил на фризура, туку ја карактеризира и вашата личност.

Станува збор за пикси фризура, боб фризура или долга коса  – фризурите се подеднакво индивидуални како и жените кои ги носат. Во продолжение, проверете која фризура со кои особини е поврзана  и дознајте дали се пронаоѓате во тоа.

Кратка коса

Кратката коса е најчесто одраз на храброст, па затоа генерално ја бираат жени со висока самодоверба. Исто така, жените кои носат кратка коса се многу комуникативни, пријатни и лесно остваруваат нови пријателства. Проблемите ги решаваат спокојно и искрено, и им се допаѓа работа во која нивната интелигенција доаѓа до израз.

 Коса со должина над рамената

Коса со должина над раменици е избор на искрени и бестрашни жени кои не толерираат рутина, сакаат нови искуства и немаат комплекси. Покрај тоа, т.н. боб фризура најдобро ги опишува жените кои добро балансираат меѓу приватниот и деловниот живот.

Коса до рамена

Косата до рамена или долга боб фризура, најчесто ја одбираат елегантни дами со многу женствен и софистициран изглед. Ова фризура ја одбираат личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, многу разговараат и ги ценат своите пријатели кои  секогаш им се на прво место.

Долга коса

Ако сте горд сопственик на долга коса, вие сте личност која сонува и не дозволувате ништо да ве спречи на патот кон реализацијата на вашите соништа. Жените со долга коса во љубовта бараат долгоротрајна врска и даваат се од себе, но тие се многу пребирливи при изборот на партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi