Роналдо ја запроси манекенката!
Фудбалерот ја запроси манекенката Георгина Родригез, со која ги воспитува четирите деца.
Роналдо и Георгина го прославија првиот роденден на заедничката ќерка Алана, а кратко потоа фудбалерот ја изненади со прстен.
Тие двајца се запознаа во 2016 година во продавницата „Gucci“ во Шпанија, каде што манекенката работеше како продавачка, а Роналдо влезе да си купи облека. За кратко време станаа пар, а на крајот на минатата година добија и ќерка. Роналдо има уште три деца, малиот Кристијано кој има осум години, кој го доби од врската со неименувана жена и минатата година, ги доби близнаците Ева и Матео со помош на сурогат мајка.
Погледнете ги фотографиите!