Таа е необразована, а заработила милијарди! Ова е тајната на нејзиниот неверојатен успех

29 март, 20180
8
Таа е необразована, а заработила милијарди. Нејзиното име е Џу Кунфеи, директор и оснивач на Lens Technologies.

Нејзината компанија произведува екрани чувствителни на допир кои што се вградуваат во паметните телефони на Apple и Samsung.


Џу, која израснала во мало село во Кина, останала без мајка уште кога имала само 5 години. Со 16 години била принудена да го напушти училиштето и да се вработи во фабрика како би се грижела за својот татко кој останал слеп после незгодата која што му се случила на работното место.

Меѓутоа, и покрај тоа што животот не бил кроток кон Џу, таа не се откажала, во ниту еден момент. Денес нејзиното богатство се проценува на 10 милијарди долари.

Ова се некои од клучните фактори за кои Џу смета дека влијаеле врз нејзиниот успех:

1. Таа одбива да прифати помалку од она што го посакува

И покрај тоа што била добар ученик, животните околности ја принудиле да се откаже од својот сон да стане моден дизајнер. Наместо да црта фустани, 16-годишната Џу се вработила во фабрика која произведувала стакла за часовници. Нејзината плата била сè на сè 1 долар на ден.

– Беше напорно. Работев помеѓу 8 и 12 часа дневно. Понекогаш, кога немаше доволно луѓе, останував и до 2 часот после полноќ за да полирам стакла. Ниту најмалку не уживав во својата работа, раскажува Џу за Times.

После само три месеци откако се вработила во фабриката, Џу се осудила да направи нешто што се испоставило дека е прв чекор во нејзиниот пат кон величенствениот успех. И ако знаеме дека во тоа време во Кина нејзината работа била во рангот на оние од соништата, таа сепак се осудила да напише писмо до својот работодавец во кое што му се заблагодарила за укажаната прилика и му соопштила дека дава отказ бидејќи смета дека заслужува повеќе. Но, наместо да ја пушти да си оди, нејзиниот претпоставен ја унапредил.

2. Ја знае својата работа

Со оглед на тоа дека својата кариера ја започнала од најниската позиција во една фабрика, Џу до најситен детал била запознаена со сите процеси во производството. Токму ова непроценливо искуство ја охрабрило да започне сопствен бизнис.


Денес Џу поседува неколку фабрики, во кои што работат околу 80.000 луѓе, чии што погони таа редовно ги посетува како лично би ги надгледувала сите процеси.

– Понекогаш, кога се јавува некаков проблем, таа седнува да работи како оператер за да види што всушност не е во ред. Ако воочи дека нешто сепак не е добро, јас ќе бидам виновен што не сум го воочил тоа на време, изјавил еден од директорите во нејзината компанија.

3. Верува во себе

Кога Џу ја напуштила фабриката во која што работела, таа имала сè на сè 3.000 долари заштеда за да започне свој бизнис. Меѓутоа, на почетокот, ништо не и одело од рака.

– Два пати бев принудена да ја продадам куќата како на работниците би им ја исплатила платата, изјавила Џу.


И покрај честите финансиски проблеми, таа никогаш не престанала да верува во себе. А потоа дошла и клучната 2003-та година кога таа конечно успеала својата компанија да ја постави на цврсти нозе.

4. Вистински одговор на вистинско прашање

Иронично, но успехот на Џу не ѝ го донеле стаклата за часовниците, туку најновите генерации на паметни телефони.

Еден ден таа била повикана од еден од директорите на една водечка компанија за производство на мобилни телефони кој ја прашал дали е заинтересирана за да произведува екрани чувствителни на допир.


– Добив повик во кој што ми кажаа – “Само одговорете со да или не. Ако кажете да, ние ќе ви испратиме опрема да започнете со производството”. Одговорив потврдно, раскажала 45-годишната Џу.

5. Шармантна и скромна

Во Кина постои изрека која што најдобро ја опишува Џу. Изреката гласи – “ba de man”, а тоа значи, “Личност која што се осудила да направи нешто за кое што други немале храброст”.

Times ја опиша Џу како “шармантна и скромна личност”, која e главно молчелива на состаноците, но кога ќе проговори, таа го плени вниманието на сите кои што се присутни.


– Свесна сум дека немам квалификација за да бидам високопрофилна личност. Мислам дека е важно премногу да не се занесуваме кога ќе станеме успешни, но и да не се предаваме кога ќе наидат тмурни времиња, порачува Џу, во чија што канцеларија се наоѓа врата, која што води директно до погонот во нејзината фабрика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi