Индонезискиот тинејџер, кој работел на рибарски сплав, преживеа 49 дена на море, откако силните ветрови го исфрлија на отворено, објави BBC.
Aldi Novel Adilang (19) беше на рибарски сплав 125 километри од Индонезијското крајбрежје во средината на јули, кога поради силниот ветер се скина јажето на сидрото.
Бидејќи сплавот нема мотор ниту весла, тинејџерот отпатувал илјадници километри, недалеку од Гуама, каде што подоцна го спасил панамски брод.
Момчето од Индонезијскиот остров Сулавеси работеше на рибарскиот сплав на кој се ловат рибите со помош на светилки.
Сплавот плови насред морето, но е усидрен. Секоја недела тинејџерот би добил нова пратка на храна и вода од работодавецот што би дошол по рибата.
Кога силните ветрови го оддалечиле во морето, имал само ограничено количевство на храна и вода. Тој рече дека бил исплашен и плачел.
Пиел морска вода и ја јадел рибата што ќе ја уловел и зготвел, палејќи ја дрвената ограда од сплавот.
“Секој пат кога ќе видел голем брод, рече дека се надевал, но повеќе од десет бродови поминале покрај него.Ниту еден не застанал и не го забележал,”изјави индонезискиот дипломат во Јапонија, Фахар Фирдаус за Џакарта пост.
Го спаси панамски брод кај Гуама на 31 август и го префрли во Јапонија.
Адиланг дојде во Јапонија на 6. септември и два дена подоцна се врати во Индонезија.