Една американка сакала да ги разубави веѓите, па купила купон преку една интернет страница и веднаш закажала термин.
Таа направила јапонски дизајн на веѓите, беила задоволна, но забележала дека црвенилото, по нормалниот третман не исчезнунва.
“Почнаа да отекуваат и станаа чувствителни на допир, а реакцијата ме загрижи и затоа веднаш посетив доктор. Тој дијагнистицираше бактериска инфекција на кожата, поради што поминав три дена во болница, ми дадоа антибиотици и следното утро започнав со лекување со стероиди”, раскажа потресено.
Таа се исплашила од огромното воспаление да не остави видливи ефекти врз нејзиното лице и не била свесна за тоа што се случувало додека таа не посетила дерматолог. Дерматологот Стивен Грекин се грижеше за нејзината состојба, и како што изјави за локалната телевизиска станица, нејзината инфекција може да биде од многу нешта, вклучувајќи алергија или инфекција.
Од третманот со микроблејдинг техника секако дека има несакани ефекти и ризици, како што е блага иритација, црвенило и во најлош случај, инфекција. Но, ако одите во салон кој користи стерилна опрема и е обучен од стручен кадар, шансите за добивање на овие проблеми со кожата се намалуваат.