Лондонскиот аеродром „Хитроу“ важи за еден од најпрометните на планетава, па не е изненадување дека во утринскиот шпиц авионите буквално формираат непрекинат конвој за време на приоѓањето и слетувањето на пистата.
Снимката која на Јутјуб ја постави „TopFelya“ покажува тајмлапс од 30 минути приоѓање на авиони и може да се види дека секоја минута слетува по еден авион.
Секако, кога еден ќе слета, нов уредно се приклучува во редот. Нема сомнеж дека не е ниту малку лесно да бидете контролор на летови на аеродромот „Хитроу“.