Еден брачен пар бил “вџашен” кога ја изеле речиси цела салата спакувана во кеса, а потоа меѓу руколата, виделе жива жаба, објавија британските медиуми.
Џо Арчер Џој (30) и неговата сопруга Сара Вокер (33) купиле салата во локалната продавница.
Дури откако изедоа две третини од руколата спакувана во кеса и одкако беше одстоена два дена во фрижидер, откриле дека внатре има жаба.
“Мојата сопруга беше вџашена. Тоа беше доста голема жаба … која живееше во нашиот фрижидер два дена,” изјави Џо.
“ја пуштив во градината и само си отскокна. Не беше премногу вознемирена”, рече тој.Додаде дека неговата сопруга “повеќе не јаде салата”.