Боите на зајдисонцето оваа сезона ги носиме и на очите!
Ние понекогаш буквално сакаме да носиме разиграни светли бои од глава до пети. Кога станува збор за облеката, веќе забележавме дека трендсетерките почнаа да носат неон бои како портокалова и жолта, нежни нијанси на сина, розева и виолетова, а ова се боите кои ќе ги носиме и на очите оваа сезона.
Пронајдовме одлични палети со сенки за очи со интензивни златни и портокалови тонови, како и длабоки сини тонови кои се асоцираат на морето, како и нежните розови и виолетови нијанси инспирирани од зајдисонцето.
Во галеријата откријте ги 10 те одлични палети со сенки за очи како што се Maybelline, Lancôme и Jeffree Star Cosmetics.