10 прекрасни модели на сандали поради кои едвај чекаме да пристигне летото
На полиците во high street продавниците, пристигнаа првите модели на сандали и изгледаат одлично, а ние со нетрпение ги очекуваме првите летни денови.
Иако ќе мора да почекаме уште малку додека да пристигне летото, сега за сега можеме да почнеме да ја истражуваме летната понуда и да одлучиме во што вреди да се инвестира.
Трендовите и интересни модни парчиња се многу, но не треба целосно да го опустошите вашиот паричник за да изгледате тренди. Размислете за она што веќе го имате во вашиот гардеробер и зачинете ја летната гардероба со неколку нови, но впечатливи парчиња.
Кога се во прашање сандалите, се чини дека ова лето ќе бидат популарни минималистички и прилично едноставни модели на сандали, украсени само со мали детали како што се школки или токи. Се истакнуваат и сандалите со животински принт, а од боите најпопуларните се неутралните нијанси како црна, бела и кафеава.
Во фото галеријата во продолжение, погледнете ги првите топ десет модели на прекрасни сандали, поради кои едвај го чекаме летото.