Љубов на прв поглед: Новите парфеми Nina Ricci, се совршени за пролет и лето

23 април, 20190
нина 2

Ако сте во потрага по лесни пролетно-летни парфеми, трите нови парфеми на францускиот бренд Nina Ricci целосно ќе ве освојат. Освен што изгледаат неодоливо и потсетуваат на летни десерти, ќе се вљубите во нивната совршена комбинација на овошни, цитрусни и цветни ноти.

Со доаѓањето на потоплите денови, ќе се насочиме кон малку полесни парфеми кои нема да нè задушат во топлината. Еден од нив е францускиот бренд Les Sorbets Nina Ricci создаден во соработка со италијанските Amorino сладоледи. Нивните весели амбалажи во облик на јаболка освојуваат на прв поглед и изгледаат како вистински десерт кој совршено освежува за време на топлите денови.

Les Sorbets парфемите доаѓаат во ограничено издание во три бои – розева, зелена и сина, односно Les Sorbets de Nina, Les Sorbets de Bella и Les Sorbets de Luna, а целата кампања наликува на лето, додека опуштено уживаме во морето, сонцето, сладоледот и останатите летни радости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi