30 пролетни парчиња поради кои повторно ќе се вљубиме во оваа боја

popara7 март, 20197min00
минт

Почетокот на пролетната сезона во модниот свет и нашите плакари, носи модна приказна раскажана низ новите трендови, а во центарот повторно ќе се најде уште една прекрасна палета на бои. Од најнежните пастелни тонови до живописни бои што секој наједноставен модел или моден додаток ќе го претворат  во statement парче, боите се тајната во која се крие клучот на совршената пролетна гаредероба и ефективни комбинации.

Покрај коралната боја, која светскиот институт „Pantone“ ја прогласи за боја на 2019. година и земјените тонови кои во пролетната модна приказна носат допир на невообичаена елеганција , во извонредната пролетна палета на бои, меѓу најпосакуваните, исто така, се истакна нијансата на зелена – минт.