Заборавете на пастелните и нежни бои: Оваа необична нијанса ќе биде најпосакувана оваа пролет
Се прашувате која боја најмногу ќе ја носиме оваа пролет? Одговорот пристигна и не сме сигурни дали ќе ви се допадне!Оваа година, неонските бои повторно доминираат во највисоките модни трендови, а неон зелената боја дефинитивно ќе го завземе првото место, и тоа не само кога е во прашање гардеробата, туку и шминката. Имено, трендот на неонски бои својата најголема слава ја доживеа во 80-тите, а во 2019. година се враќа во полн сјај.
На овој тренд, прва потклекна Кендал Џенер, која самата призна на својот Instagram профил дека во последно време обожава зелена боја, а ниту нејзината пријателка Бела Хадид, не се спротивстави на овој тренд.
За претстојната сезона, одберете го вашиот омилен неон зелен детаљ, не е важно дали станува збор за фустан, ташна, лак за нокти или чевли, бидејќи енергичните бои ќе го освежат вашиот изглед оваа година.
Совет: Понекогаш изгледа дека е комплицирано да се комбинира, но со пастелни тонови, бела, црна и сите нијанси на песок, лесно ќе го прилагодите вашиот неон детаљ.