Разделбата е се поблиску: 3 кавги кои укажуваат дека крајот на вашата врска е блиску
Тука ни љубовта не помага!
Кавгите се вообичаен и нормален дел од секоја врска, но некои се поважни од другите. Сепак, доколку честопати се расправате со вашиот партнер за овие три работи, можно е на вашата врска да и се ближи крајот:
Околу сексот
Двојките кои се незадоволни од нивниот сексуален живот ретко се расправаат на оваа тема – поголемиот дел молчат и се обидуваат да ги поправат работите. Меѓутоа, кога започнувате расправии со партнерот за секс, дали поради квалитетот или редовноста, раскинувањето е многу реална опција.
Околу комуникацијата
Комуникацијата во врската е од клучно значење, а кога станува толку лоша што постојано се расправате за тоа, јасно ви е дека работите станале многу сериозни. Кога станува збор за комуникација, двојките се караат најчесто поради недостатокот на труд во врската и повлекувањето во емоционална смисла.
За времето кое го поминувате заедно
Сосема е нормално, во подолга врска да поминувате помалку време заедно отколку на почетокот, а ако проблемот за заедничкото поминато времето станува почеста тема на расправија, раскинувањето може да се скрие зад аголот, најчесто затоа што едната личност едноставно повеќе нема потреба од другата.