Madona во 90 секунди откри која е таинствената „Madame X“
18 април, 20190
По неколку неделно исчекување, Madona за време на викендот ,на Instagram го објави името на нејзиниот 14-ти студиски албум „Madame X“, прв после „Rebel Heart“ во 2015. година. Таа објави тизер за новиот албум, во кој за 90 секунди прикажува разни костими и идентитети.
„Madame X“е таен агент, патува низ светот, го менува својот идентитет, се бори за слободата, носи светлина на мрачните места.
Покрај најавата за албумот и новата соработка, таа неодамна ги потврди гласините дека ќе настапи на Евровизија во мај, каде што ќе изведе нова песна од албумот.