5 едноставни чекори за совршени локни со помош на пегла за коса

2 јануари, 20190
w

Иако пеглата за коса првенствено е наменета за исправување, со неа исто така можете да направите совршени бранови – за само неколку минути …

Освен тоа што изгледа добро сама по себе, брановидната коса е темел на бројни фризури. Локни можете да направите со класични витлери и фигаро, но и со пеглата за коса (што е многу побрзо и полесно). Сепак, за успешни локни со пегла за коса е потребна и пракса, а ние подготвивме мал водич кој ќе ви помогне да направите успешни локни во секое време – се состои од пет чекори!

Прв чекор

Земете мал прамен коса (околу два до три сантиметри) и нежно затворете го со пеглата кај коренот.

Втор чекор

Завртете ја пеглата за 180 степени.

Трет чекор

Започнете полека да ја повлекувате пеглата надолу по должината на праменот.

Четврти чекор

Колку побрзо ја повлекувате пеглата преку косата, локните ќе бидат полелеави. За помали и поцврсти кадрици, пеглата пополека се спушта.

Петти чекор

Откако ќе го повлечете праменот со пеглата, завиткајте го околу прстот. Ако сакате полелеави локни, повлечете го праменот со раката надолу и почекајте да се олади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *