Актерот го исценирал расистичкиот и хомофобен напад поради кариерата

22 февруари, 20190
ghtr

Тој направи сè поради слава

Откако 36-годишниот американски актер, Џуси Смолет, на публиката најпознат од серијата „Empire“, изјави дека бил жртва на расистички и хомофобичен напад, обвинувајќи го Доналд Трамп за поддршката, сега е во притвор. Имено, тој пријави лажен напад за да просперира во својата кариера, објави полицијата во Чикаго.

Актерот и пејач, кој се предаде во пет часот наутро, а еден ден претходно е обвинет за поднесување лажна пријава, ќе биде сослушан во судот во Чикаго.

„Тој се обиде да го искористи расизмот за  промоција на сопствената кариера“, рече шефот на полицијата во Чикаго, Еди Џонсон.

Да се потсетиме, на крајот на јануари, Смолет поднесе тужба во која се наведува дека маскирани мажи го нападнале во центарот на Чикаго, навредувајќи го на расна и сексуална основа. Потоа, наводно, бил физички нападнат и врзан со јаже околу вратот и полиен со хемикалија.

Според полицијата, двајцата браќа, кои се црнци, признале дека Џуси им платил за да го исценираат нападот, а локалните новинари најдоа снимки од надзорните камери на кои се гледа како купуваат работи што им се потребни за измамата.

https://www.instagram.com/p/BtNZ1TIBL3-/?utm_source=ig_embed

Инаку, овој лажен напад предизвика серија осуди во јавноста, а многу познати личности, како што се актерката Ема Вотсон, поранешниот потпретседател Џо Бајден и пејачката Кети Пери, застанаа зад тоа дека 36-годишниот, без сомневање сè исценирал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *