Нејзината пижама е поскапа од многу фустани: Вереницата на Кристијано Роналдо на Instagram се пофали додека многумина ја осудија нејзината фотографија!

22 февруари, 20190
georgina

Џорџина Родригез ужива во луксузот, а најновата фотографија на Instagram  испровоцира многумина.

Џорџина Родригез ужива луксузот, а најновата слика на Instagram предизвика многу коментари- дали нејзините пижами се премногу луксузни, прашуваат фанови!

Кристијано Роналдо заработи огромни пари за време на неговата кариера, а и понатаму заработува, како од договорот со Јувентус, така и од бројните спонзорства.

Роналдо сака да троши, не само на себе, туку и на неговите драги личности.

Португалскиот фудбалер не жали пари кога станува збор за неговата партнерка, Џорџина Родригез и ја потрупува со подароци. Сепак, од гледиштето на „нормалниот“ човек, Кристијано претерува.

Џорџина на социјалните мрежи се пофали со новата пижама која  што ја добила од нејзиниот драг. Станува збор за пижама „ Louis Vuitton“ која чини 2.700 евра! Следеа многу коментари, а меѓу нив и критиките – дека овие пари можеле подобро да се искористат.

View this post on Instagram

Buenas n🌓ches ✨

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Додека медиумите тврдат дека Џорџина и Роналдо се верени, таа неколку пати го негираше тоа. Сепак, не пропушта да се пофали со луксузниот накит, меѓу кој, според извори, се крие вереничкиот прстен.

Во интервјуа, убавата аргентинка не крие дека би сакала да стане г-ѓа  Роналдо. Таа го следи фудбалерот на сите настани, а неодамна заблеска во Дубаи, каде што нејзиниот драг доби значаен трофеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber