Алтернативните извори на витамин Д ќе ви помогнат да го подобрите вашето здравје

popara30 октомври, 20191min00
d

Млекото и сонцето се одлични извори на витамин Д. Сепак, како што се приближува зимата, ќе биде сè потешко да се фати сончевиот зрак, па затоа ќе ни требаат алтернативни извори на витамин Д, кои, за среќа, се лесно достапни благодарение на тоа што се наоѓаат во најразновидна храна.

Риба

Свежата и конзервирана риба содржи витамин Д, особено лососот, сардината и туната. Можете да внесете повеќе од 50% од препорачаната дневна количина доколку изедете сендвич со туна или лосос со тежина од 85 грама.

Печурки

Печурките апсорбираат витамин Д кога се изложени на сончева светлина и се многу корисни во исхраната.

Сок од портокал

Многу производители продаваат сок што е збогатен со витамин Д. Овој витамин е содржан и во свежо овошје.

Јајца

Јајцата содржат и витамин Д, но при консумирање треба да се обрати внимание на крвниот притисок и холестеролот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma