Bradley Cooper и Irina Shayk: Дали овие форографии се доказ за проблеми во врската?

28 февруари, 20190
irina we

Бредли Купер и Ирина Шајк беа фотографирани за прв пат по секси инцидентот на Оскарите, додека одеа да ја земат својата ќерка од градинка, а ако судиме според нивните изрази на лицето, тие не се во најдобро расположение. Ние само се прашуваме што е причината. Лејди Гага и Бредли Купер и хемијата што се чувствуваше во воздухот за време на нивниот настап на Оскарите, оваа година се главна тема на светските медиуми, а гласините за вистинската природа на нивниот однос не запираат.

Затоа се шушка дека тие двајца всушност се повеќе од пријатели и дека на забавата по Оскарите не се одвојувале еден од друг, игнорирајќи ја девојката на Бредли, Ирина Шајк.

И на сред сите шпекулации, Бредли и Ирина беа фотографирани за време на заедничкото возење, додека одеа по нивната ќерка во градинка и тоа со многу жалосни изрази на лицето.

Причина за ова би можело да биде коментарот на поранешната сопруга на Бредли, 45-годишната актерка Џенифер Еспозито, која на Instagram напиша интересен коментар на објавата на комичарот Дејвид Камерон, кој се шегуваше за тековната тема. „Дали има шанса овие двајца да немале секс“, напиша комичарот под објавената фотографија од Гага и Бредли, додека Џенифер едноставно во коментар напиша “Ха” …

Џенифер во своите мемоари “Џенифер патот”, кои ги објави во 2015. година, Бредли  го нарече убав манипулатор и иако таа не го именуваше директно, на сите им беше јасно на кого се однесува ова тврдење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi