Бред Пит со познатата актерка?!

21 јануари, 20190
sarliz-teron-06

Би биле многу моќен пар ако гласините се точни.

Две години по паузата со Анџелина Џоли, изгледа дека Бред Пит (55) повторно најде среќа и тоа во преградките на прекрасната и талентирана – Шарлиз Терон (43)!

Оскаровката и актерот, наводно, ги запознал нејзиниот поранешен свршеник Шон Пен, а почнале да излегуваат заедно веќе во декември, тврди “The Sun”.

Таблоидот пишува дека двојката разменувала нежности за време на проекцијата на филмот “Roma” на еден холивудски настан и дека „Бред ја држел својата рака на грбот на Шарлиз Терон“ и дека тие „се гледале, се насмевнувале и си намигнувале“.

„Бред изгледаше одлично и изгледаше како да беа навистина среќни“, изјави изворот за магазинот.

Додека Бред Пит го дели старателството над шестте биолошки и посвоени деца со Анџелина Џоли, Шарлиз има два посвоени сина – Август и Џексон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi