За поп принцезата Бритни Спирс ова е тешка година. Таа прво го одложи објавувањето на албумот, а потоа и концертите поради болеста на нејзиниот татко Џејми, кој во почетокот на јануари беше хоспитализиран поради сериозната здравствена состојба. Пејачката тешко ја поднесе неговата борба, особено затоа што последните четири години ги односите им биле заладени.
Додека го поддржуваше нејзиниот татко во текот на изминатите неколку месеци за да се опорави што е можно поскоро, таа целосно се исцрпи, а минатата недела таа сама се пријави во здравствената установа за ментално здравје во Калифорнија.
По објавата дека „секој треба да се грижи за себе и да одвои време само за себе”, пејачката се пријави во болницата, каде што ќе остане 30 дена.