David и Victoria Beckham пред развод!

6 февруари, 20190
дејвид 1

Младата пејачка е одговорна за сè!

Еден од омилените парови во светот, Дејвид и Викторија Бекам, повторно се најде под притисок на јавноста поради гласините за наводниот развод. Светските медиуми пишуваат за кризата во бракот на фудбалерот и поранешната Спајс девојка, а ако се доверливи натписите, причината е 28-годишната британска пејачка Рита Ора. Како што објави Closer, 44-годишната Викторија дозналa дека нејзиниот сопруг e воодушевен од 15 години помладата пејачка, а покрај Дејвид, на шармот на Рита „падна“ и најстариот син на познатиот пар, Бруклин Бекам. Closer пренесува  дека и најстариот наследник на Бекам и осум години постарата пејачка разменувале романтични пораки кога имал само 18 години, но сега истото се случи и со таткото, Дејвид. Сепак, покрај вревата околу разводот на парот кој е заедно две децении, пред неколку дена беше објавено дека 28-годишната Рита Ора неизмерно ги почитува Викторија и Дејвид и дека такво нешто никогаш нема да дозволи. Closer додава дека Викторија е бесна поради натписите и фактот дека нејзиниот брак повторно се најде на насловните страници на светските медиуми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *